Washington, D.C./Топографија

This page is a translated version of the page Washington, D.C./Topography and the translation is 100% complete.
   Општи информации      Историја      Топографија и клима      Превоз      Знаменитости      Култура и спорт      Туристички атракции      Каде да јадете      Каде на пијачка      Телекомуникации    

Топографија

Каналот Чесапик и Охајо минува низ населбата Џорџтаун.

Вашингтон зафаќа вкупна површина од 177 км2, од кои 159 км2 се земја, а 18 км2 (10,16%) се вода. Територијата на округот е отстапена од сојузната држава Мериленд. Затоа, Вашингтон се граничи со Мериленд на југоисток, североисток и северозапад и со Вирџинија на југозапад. Низ округот течат три поважни реки: Потомак и притоките Анакостија и Рок Крик.

Највисокото место во Округот Колумбија е котата „Рено“ во паркот Форт Рено (населба Тенлитаун) со 125 м надморска восичина. Најниска точка е морското ниво на реката Потомак.

Околу 19,4% од Вашингтон се состои од паркови и зеленила, и со тоа, заедно со Њујорк, се наоѓа на првото место по парковски површини меѓу густо населените градови во САД.

Клима

Секоја пролет во градот се приредува Националниот фестивал на црешовиот расцут.

Вашингтон се наоѓа во влажниот суптропски појас и има четири годишни времиња.

Пролетта и есента се топли, а зимата е свежа. Летата се топли и влажни, со просечна јулска дневна температура од 26,2°C (79,2°F) и просечна релативна влажност на воздухот од 66%. Топлината и влажноста мошне често носат невреме со грмотевици, повремено предизвијувајќи торнада во околината.

Највисоката забележана температура изнесува 41°C (106°F), евидентирана на 20 јули 1930 и 6 август 1918.

Очекувани временски прилики во текот на конференцијата

Просечната температура во јули изнесува 26,2°C (79,2°F), со висока влажност (66%).
средна јулска температура - максимална 31,28°C (88,3°F)
средна јулска температура - минимална 20,17°C (71,1°F)
средни јулски вкупни врнежи 93  мм (3,66 инчи)

Бидете подготвени

  • Поради топлината и лепливоста на летото во Вашингтон, облекувајте се во тенки алишта што ќе ви бидат удобни и лесно ќе дишат на вас.
  • Понесете си лосион за сонце, за да не изгорите.
  • Понесете удобни чевли за пешачење. Вашингтон е многу погоден за шетање.
  • Понесете си мантил за дожд или мал чадор, во случај да ве фати дождот!