Washington, D.C./Знаменитости

This page is a translated version of the page Washington, D.C./Sites and the translation is 100% complete.
   Општи информации      Историја      Топографија и клима      Превоз      Знаменитости      Култура и спорт      Туристички атракции      Каде да јадете      Каде на пијачка      Телекомуникации    

Во Вашингтон има многу што да се разгледа и посети. Националната алеја (National Mall) е пространо парковско зеленило во центарот на градот. Во средината на алејата стои Вашингтоновата споменица и Џеферсоновиот дирек. Тука ќе го најдете и Споменикот на Линколн, на источниот крај на базенот е сместен Националниот паметник на Втората светска војна, Паметникот на ветераните од Корејската војна, и Паметникот на ветераните од Виетнамската војна. Во Националниот архив се сместени илјадници документи од голема важност за американската историја како Декларацијата за независност, Уставот и Повелбата за правата.

Расцут на црешите во Вашингтон — на пролет се одржува цел фестивал посветен на оваа убавина.

Долж алејата се распоредени неколку музеја во состав на Смитсоновата установа, основана со конресна повелба во 1846. Влезот во музеите е бесплатен. Овие музеи, заедно со уште неколку приватни и јавни установи се наведени подолу на страницава. Веднаш јужно од алејата е Приливниот Басен со јапонски цреши добиени како подарок од Јапонија. Околу басенот е сместен Паметникот на Френклин Делано Рузвелт, Паметникот на Џорџ Мејсон, Џењферсоновиот паметник и Воената споменица на Округот Колумбија, со Паметникот на Мартин Лутер Кинг. Вон централното градско подрачје ќе најдете други историски места и населби, како да речеме Џорџтаун и стариот дел на Александрија.