Визи
Напомена: Оваа страница не нуди правен совет.
Безвизен режим
На државјаните на следниве земји не им треба виза за влез во Соединетите Американски Држави:
|
|
Државјаните на овие земји немаат потреба од виза за влез во Соединетите Американски Држави, но мора да поднесат барање за патна дозвола на интернет, користејќи ESTA. Ова овластување чини USD 14, се плаќа само со кредитна картичка и важи две години. Државјаните на Канада немаат потреба од ESTA.
Останати земји
Државјаните на останатите земји имаат потреба од виза B-1 или B-2, што претставува привремена, неиселеничка виза за деловни или разонодни цели.
Помош со визи
Ќе ви помогнеме да се подготвите за закажаниот разговор за виза со тоа што:
- Ќе однесете наше писмо со покана, кое ќе ви го добиете откако пријавите за Викиманија.
- Директно ќе ја информираме амбасадата или конзулатот за вашето учество на Викиманија.
Ние сме во потесна соработка со службата „E-дипломатија“ (E-Diplomacy) на Стејт Департментот како наш партнер во организирањето на Викиманија. Конечната одлука за доделување на виза е во рацете на конзуларниот службеник, но ние ќе се потрудиме да ви помогнеме најдобро што можеме со писмо и известување на амбасадата или конзулатот.
Ако имате прашања или ви треба помош, обратете се на wikimania-registration@wikimedia.org.